Политика за приватност

Последна промена: 16.08.2023 година

Оваа Политика за приватност објаснува кои се информациите кои за Вас ги собираме, како и за обработката на личните податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата веб-страница и/или кога користите некоја од нашите услуги. Ние во Македонијатурист АД Скопје ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за да ја оствариме нашата дејност согласно закон, а притоа да Ви ги обезбедиме најдобрите искуства и услуги.

01

Кој е контролор на збирките на лични податоци и како можете да нѐ контактирате?

Контролор на личните податоци е Македонијатурист АД Скопје, со седиште на ул. Филип Втори Македонски бр.5, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Е-пошта: maktur@makedonijaturist.com.mk

Веб страна: www.makedonijaturist.com.mk

Телефон: +389 2 3292 731

02

Лични податоци кои ги собираме

Кога ги користите услугите на хотелите на Македонијатурист АД, при склучувањето на договорите за хотелски услуги, обработуваме лични податоци (маке, презиме, датум на раѓање, вид и број на документ за идентификација, адреса на живеалиште, е-пошта и телефон) потребни за нашите обврски согласно Законот за угостителска дејност.

При вашата регистрација и ноќевање во хотелите на Македонијатурист АД кои имаат договор за соработка со IHG (Holiday Inn) и/или Best Western (Hotel Belvi), Вашите лични податоци исто така ги обработуваат и тие компании согласно нивните политики за приватност.

https://www.ihg.com/content/us/en/customer-care/privacy-policy

https://www.bestwestern.com/en_US/about/privacy-policy.html

03

Колачиња

Нашата веб-страница користи колачиња (cookies) за аналитички цели преку Google Analytics. Вашиот браузер може да ги блокира или избрише колачињата преку поставките на браузерот.

04

Период на чување

Вашите лични податоци ги чуваме само колку што е потребно за остварување на целите за кои се собрани. По изминување на рокот, личните податоци безбедно се бришат.

05

Безбедност на податоците

Ги преземаме сите потребни технички и организациски мерки за заштита на вашите лични податоци од неовластен пристап, промена, откривање или уништување.

06

Вашите права

Согласно Законот за заштита на личните податоци, имате право да:

  • Пристапите до вашите лични податоци
  • Побарате исправка на нецелосни или неточни лични податоци
  • Побарате бришење на личните податоци
  • Приговарате на обработката на вашите лични податоци
  • Побарате ограничување на обработката на лични податоци

За остварување на вашите права, можете да се обратите на нашиот Офицер за заштита на лични податоци на dpo@act.com.mk

07

Измени и дополнувања

Македонијатурист АД го задржуваме правото периодично да ја ажурираме оваа Политика за приватност. Во случај на суштествени измени, ќе ве информираме преку нашата веб-страница.