Оваа Политика за приватност објаснува кои се информациите кои за Вас ги собираме, како и за обработката на личните податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата веб-страница и/или кога користите некоја од нашите услуги. Ние во Македонијатурист АД Скопје ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за да ја оствариме нашата дејност согласно закон, а притоа да Ви ги обезбедиме најдобрите искуства и услуги.
Кој е контролор на збирките на лични податоци и како можете да нѐ контактирате?
Контролор на личните податоци е Maкедонијатурист АД Скопје, со седиште на ул. Филип Втори Македонски бр.5, 1000 Скопје, Република Северна Македонија. Можете да нѐ контактирате преку е-пошта: maktur@makedonijaturist.com.mk
Веб страна: www.makedonijaturist.com.mk
Телефон: +389 2 3292 731
Лични податоци кои ги собираме и начинот на кој ги користиме
Ние собираме и користиме лични податоци доколку направите резервација преку нашиот систем за резервација со кој ни испраќате барање за резервација, користите услуги во нашите подружници, учествувате во Програмата за лојалност на IHG Hotels Limited – IHG® One Rewards loyalty program или сте вклучени во маркетинг активности на Best Western за што е потребна Ваша пишана согласност или стапувате во било каква друга релација со Македонијатурист АД Скопје за која е неопходно собирање и користење на лични податоци.
Kолачиња
Доколку ја посетувате нашата веб страница ние собираме само неопходни аналитички колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги користите потребните компоненти за правилно функционирање на веб-страницата. Без овие колачиња, услугите што сакате да ги користите на веб-страницата не можат да функционираат правилно.
Период на чување
Периодот на чување на личните податоци се разликува во зависност од видот и целта на обработката на личните податоци. Податоците базирани на доброволна согласност се чуваат се до повлекување на согласноста.
Безбедност на податоците
Безбедноста на Вашите лични податоци за нас е сериозна задача и применуваме соодветни мерки за да ги заштитиме од неовластена обработка, пристап, губење, уништување или оштетување.
Вашите права
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашот офицер за заштита на лични податоци на е-пошта dpo@act.com.mk
Измени и дополнувања на Политиката за приватност
Оваа Политика за приватност може да се измени или дополни во кое било време. Вие ќе бидете информирани за какви било промени на оваа интернет страна и преку е-пошта во случај на значителни измени кои би имале влијание врз обработката на личните податоци.
Последна промена: 16.08.2023 година