Насловна
Small Medium Large  | mk MK | EN |
Испечати Е-пошта
nagradi_header.jpg

Награди и признанија 

Доказ за успешното долгогодишно работење на АД Македонијатурист, професионалноста и постигнатите резултати на хотелите и рестораните, се многубројните добиени награди од кои издвојуваме неколку:

  • 2000 – Награда добиена од Стопанска Комора на Р. Македонија за особени резултати во унапредување и организација на работењето,производството, прометот и услугите четири години по ред

  • 2001- Награда во конкуренција со  152 хотели и ресторани во светот, а добиена на 26-то доделување на Интернационална награда за туризам, хотелиерство и кетеринг  од страна на Меркадо Мундијал, светски рангирана организација од Шпанија

  • 2001- Награда за новодојден хотел во ланецот Holiday Inn, доделена од страна на Баc Хотели и Одмаралишта за Holiday Inn Skopje, како најдобар високо квалитетен хотел кој се приклучил кон ланецот.

  • 2003-2012 - Во конкуренција од 4.000 хотели од светот, BEST WESTERN Hotel Turist  е добитник на престижната „Quality Award“ последователно од 2003 до 2012 година. „Quality Award“ е златна награда за квалитет и успешно спроведување на светските хотелски стандарди, а ја доделува BEST WESTERN International

  • 2004- Best Western Hotel Turist е добитник на наградата „Најдобар хотел во Македонија“, доделена од Проектот за конкурентност во Република Македонија (MCA - Macedonian Competitiveness Activity), финансиран од USAID

  • 2005 - Best Western Hotel Turist се закити со наградата „Сонце на годината“, која е доделена од Министерството за економија на Република Македонија. Оваа награда на Best Western Hotel Turist му беше доделена во категоријата „Најдобра угостителска услуга во хотелиерството“

  • 2010 - Best Western Hotel Bellevue e добитник на наградата ,,Excelence in Quality and Standards'' како награда за квалитет и успешно спроведување на светските хотелски стандарди,а ја доделува Best Western International

  • 2012 - Holiday Inn Skopje e добитник на наградата најуспешен хотел како награда за квалитет и успешно работење, а ја доделува Министерство за Економија на Република Македонија

  • Награди и признанија доделени од страна на нашите ценети гости како израз на нивното задоволство

 

  • 2012 - Национална награда за најдобри општествено одговорни практики,ја доделува Влада на Р.Македонија,Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата
oop.jpg