Насловна
Small Medium Large  | mk MK | EN |
Испечати Е-пошта
management_header.jpg

Менаџмент на Македонијатурист а.д.

Собрание на акционери ja одобрува годишната сметка, финансиските извештаи, одлучува со мнозинство на гласови на акционерите и тоа за сите клучни прашања какви што се:
  • измена и дополнување на основачкиот акт на Друштвото
  • именување и разрешување на членови на Надзорниот Одбор
  • Одобрување на стaтусни промени, преобразба на Друштвото
  • Престанок или ликвидација на Друштвото
  • Зголемување или намалување на основната главнина
  • Одобрување на работата на Управниот и Надзорниот Одбор
  • Усвојување на годишната сметка и употреба на добивката

Управен одбор управува со работата на Друштвото и го сочинуваат 3 члена именувани од страна на Надзорниот Одбор. Управниот Одбор  поднесува извештај до Надзорниот Одбор за работата на Друштвото, нацрт на годишната сметка, годишен извештај како и извештаи за состојбата на друштвото.
Управниот одбор го сочинуваат:
  • Доне Таневски - Претседател на Управен Одбор
  • Сoња Бибановска - Член на Управен Одбор
  • Мирјана Таневска-Ефремова - Член на Управен Одбор

Надзорен одбор составен од 5 членови кои ги именува Собранието на Друштвото и во согласност со важечките закони на Република Македонија и Статутот на друштвото, Надзорниот одбор врши надзор над управувањето со Друштвото, ги разгледува предлог одлуките на Управниот Одбор во поглед на работењето, врши проверка на документите, списите, имотот, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови.
Надзорниот одбор го сочинуваат:
  • М-р Верица Хаџивасилева Марковска - Претседател на Надзорен одбор
  • Проф. д-р Тито Беличанец - Член на Надзорен одбор
  • Проф.  Ванчо Узунов -Член на Надзорен одбор
  • Проф. Васил Поповски - Член на Надзорен одбор
  • Григор Копров - Член на Надзорен одбор