Насловна
Small Medium Large  | mk MK | EN |
  • Македонијатурист а.д. Скопје
  • Македонијатурист а.д. Скопје
  • Македонијатурист а.д. Скопје
  • Македонијатурист а.д. Скопје
  • Македонијатурист а.д. Скопје
  • Македонијатурист а.д. Скопје
  • Македонијатурист а.д. Скопје
  • Македонијатурист а.д. Скопје
Испечати Е-пошта
zanas_header.jpg

Македонијатурист а.д. Скопје

Македонијатурист како компанија од областа на угостителството и туризмот е основана во април 1963 г. со интеграција на три постојни хотелски организации во Скопје. Овој тип на здружување овозможи созадавање на крупна и  еминентна хотелско-угостителска организација која опфаќаше преку 70% од вкупниот капацитет за сместување на туристи во градот. Во тоа време материјалната основа на Македонијатурист ја сочинуваа седум хотели : Македонија, Јадран, Турист, Бристол, Скопје, Москва, Сарај и Инвалидски дом, сите со свои ресторани. Македонијатурист располагаше со уште седум бифиња, една кафеана, еден бар, единаесет кантини и четири летни бавчи. По земјотресот во 1963 г. кој нанесе голема материјална штета и беа комплетно уништени неколку објекти, сепак  многу од објектите се  возобновија, а се изградија и нови објекти.

Во 1990 г. ХУП Македонијатурист се трансформира и организира како Акционерско друштво, а во 1995 г. е одржано и конститутивното собрание на акционерите, според остварената доприватизација и избрани се раководните органи. Од 1995 г. година до денес , Македонијатурист работи успешно како акционерско друштво,располагајќи со девет (9) профтни центри и  вработувајќи преку 300 професионалци во својата област.

АД Македонијатурист денес е сопственик на следниве:

Хотели:

 

Ресторани:

  • Ресторан ОГНИШТЕ во рамки на Holiday Inn Skopje


АД Македонијатурист со својата професионалност и долгогодишно  искуство  во  хотелското и угостителското работење ја доби довербата на огромен број домашни и странски клиенти кои континуирано ја покажуваат својата лојалност користејќи ги услугите на нашите хотелски и ресторантски капацитети.