Насловна
Small Medium Large  | mk MK | EN |
Испечати Е-пошта

Њујорк Универзитет Скопје

web.png Линк


Њујорк Универзитетот Скопје е основан во 2005 година како приватна високообразовна институција, со стекнувањето на акредитацијата од Одборот за акредитација на високото образование на Република Македонија и дозвола за работа од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Њујорк Универзитетот Скопје е лоциран на современ универзитетски кампус во Сарај кој вклучува училници, амфитеатар, компјутерски лаборатории, безжичен интернет, центар за академско пишување, центар за советување, библиотека, простории за учење, кафетерија, студентски дом.

Њујорк Универзитетот Скопје од 2007 година ја започна својата соработка со Стафордшир Универзитетот кој е еден од водечките динамични и напредни образовни институции во Обединетото Кралство. Меѓусебната соработка  е фокусирана на полето на додипломски студии, постдипломски студии, докторски програми, истражувања, програми за размена и обука на вработени и студенти како и размена на информации и публикации.Успешното завршување на додипломските и постдипломските студии води кон стекнување на престижна и меѓународно призната диплома од  Стафордшир Универзитетот  и диплома од Њујорк Универзитетот Скопје. Њујорк Универзитетот Скопје остварува соработка со многубројни реномирани Американски и Европски Универзитети

Њујорк Универзитетот Скопје во додипломските студии опфаќа:

Постдипломските студии ги имаат следниве програми:

1. Факултет за бизнис администрација

2. Факултет за компјутерски науки и информатички технологии

3. Факултет за меѓународни односи, политика и европски студии

4. Факултет за комуникации и медиуми

5. Факултет за англиски јазик и литература

 

Контакт детали:

Сарај б.б., 1000 Скопје
Тел +389 2 2034 600
info@nyus.edu.mk