Насловна
Small Medium Large  | mk MK | EN |
Испечати Е-пошта

Holiday Inn Skopje

star.png   star.png   star.png   star.png   star.png 

 

Holiday Inn Skopje e хотел од висока категорија, кој во 2000 година е комплетно реновиран и од тогаш  работи како дел од ланецот хотели Holiday Inn.  Лоциран е центарот на градот, во близина на сите деловни и административни центри, трговски и шопинг центри, како и главните туристички атракции.

 

На своите гости им гарантира удобност, комфор како и достапност на се што е неопходно за прекрасен туристички или деловен престој. Идеално место е за организација на на Вашите конференции, деловни и свечени вечери и ручеци, како и  идеално место за кафе, пијалак и уживање во совршено вкусните јадења на аперитив барот или хотелскиот ресторан.

 

Holiday Inn Skopje располага со:

  • 178 комплетно опремени соби и апартмани од кои: 101 еднокреветни соби,50 двокреветни соби, 11 ексклузивни соби,14 апартмани,1 претседателски апартман, 1 соба за лица со посебни потреби
  • 1 хотелски и 1 национален ресторан
  • 8 конференциски сали
  • бизнис центар
  • фитнес центар и сауна
  • казино
  • ТВ салон и аперитив бар
  • Rent-a-car
  • сопствен паркинг простор и 24 часовно обезбедување