Хотел Карпош е извонреден хотел од висока категорија,изграден во 2004 г. со идеална локација на само 2,5 км од центарот на градот. Хотелот е исклучително комфорен и ги нуди сите бенифиции карактеристични за хотел од висок ранг и како таков е идеално место за краток или подолг престој, за организирање на бизнис состаноци, конференции, деловен или свечен ручек/вечера.
Хотел Карпош располага со:
59 пространи и комплетно опремени соби и апартмани од кои: 25 еднокреветни соби,15 двокреветни соби,12 луксузни студио соби, 6 апартмани, 1 соба за лица со посебни потреби
хотелски ресторан
2 конференциски сали
бизнис центар
фитнес центар и сауна
сопствен затворен паркинг простор и 24 часовно обезбедување