Претставување на нашата компанија

За нас/Историја

Македонијатурист како организација од областа на угостителството и туризмот е основана во април 1963 г. со интеграција на три постојни хотелски организации во Скопје. Овој тип на здружување овозможи созадавање на крупна и еминентна хотелско-угостителска организација која опфаќаше преку 70% од вкупниот капацитет за сместување на туристи во градот. Во тоа време материјалната основа на Македонијатурист ја сочинуваа седум хотели : Македонија, Јадран, Турист, Бристол, Скопје, Москва, Сарај и Инвалидски дом, сите со свои ресторани.Македонијатурист располагаше со уште седум бифиња, една кафеана, еден бар, единаесет кантини и четри летни бавчи.По земјотресот во 1963 г. кој нанесе голема материјална штета и беа комплетно уништени неколку објекти, сепак многу од објектите се возобновија, а се изградија и нови објекти.

Во 1990 г. ХУП Македонијатурист се трансформира и организира како Акционерско друштво, а во 1995 г. е одржано и конститутивното собрание на акционерите, според остварената доприватизација и избрани се раководните органи. Од 1995 г. година до денес , Македонијатурист работи успешно како акционерско друштво,располагајќи со девет (9) профтни центри и вработувајќи преку 300 професионалци во својата област.

Македонијатурист а.д. денес е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги и сопственик на следниве:

Хотели:

Holiday Inn Skopje – www.holiday-inn.com/skopje

 BEST WESTERN Hotel Turist – www.bestwestern-ce.com/turist

 Хотел Карпош www.hotelkarpos.com.mk

 BEST WESTERN Hotel Bellevue www.bestwestern-ce.com/bellevue

 Хотел Водно

 Хотел Бристол

 Хотел Јадран

Ресторани:

 Ресторан ПИВНИЦА www.pivnica.com.mk

 Ресторан ОГНИШТЕ во рамки на Holiday Inn Skopje

Македонијатурист а.д. со својата професионалност и долгогодишно искуство во хотелското и угостителското работење ја доби довербата на огромен број домашни и странски клиенти кои континуирано ја покажуваат својата лојалност користејќи ги услугите на нашите хотелски и ресторански капацитети.

Награди и признанија:

Доказ за успешното долгогодишно работење на Македонијатурист а.д., професионалноста и постигнатите резултати на хотелите и рестораните, се многубројните добиени награди од кои издвојуваме неколку:

2000 – Награда добиена од Стопанска Комора на Р. Македонија за особени резултати во унапредување и организација на работењето,производството, прометот и услугите четири години по ред

2001- Награда во конкуренција со 152 хотели и ресторани во светот, а добиена на 26-то доделување на Интернационална награда за туризам, хотелиерство и кетеринг од страна на Меркадо Мундијал, светски рангирана организација од Шпанија

2001- Награда за новодојден хотел во ланецот Holiday Inn, доделена од страна на Баc Хотели и Одмаралишта за Holiday Inn Skopje, како најдобар високо квалитетен хотел кој се приклучил кон ланецот.

2003-2012 – Во конкуренција од 4.000 хотели од светот, BEST WESTERN Hotel Turist е добитник на престижната „Quality Award“ последователно од 2003 до 2012 година. „Quality Award“ е златна награда за квалитет и успешно спроведување на светските хотелски стандарди, а ја доделува BEST WESTERN International

2004- BEST WESTERN Hotel Turist е добитник на наградата „Најдобар хотел во Македонија“, доделена од Проектот за конкурентност во Република Македонија (MCA – Macedonian Competitiveness Activity), финансиран од USAID

2005 – BEST WESTERN Hotel Turist се закити со наградата „Сонце на годината“, која е доделена од Министерството за економија на Република Македонија. Оваа награда на BEST WESTERN Hotel Turist му беше доделена во категоријата „Најдобра угостителска услуга во хотелиерството“

2010 – BEST WESTERN Hotel Bellevue e добитник на наградата ,,Excelence in Quality and Standards” како награда за квалитет и успешно спроведување на светските хотелски стандарди,а ја доделува BEST WESTERN International

2012 – Holiday Inn Skopje e добитник на наградата најуспешен хотел како награда за квалитет и успешно работење, а ја доделува Министерство за Економија на Република Македонија

Награди и признанија доделени од страна на нашите ценети гости како израз на нивното задоволство

Зошто Македонијатурист а.д.?

Во својата повеќе од 45- годишна историја на постoење, Македонијатурист а.д. изгради репутација на силна, динамична и визионерска компанија која знае како да учи и напредува, да развива и победува во конкурентски и константно променливи услови на пазарот. Почитувајќи ги најзначајните вредности во работењето како нашите клиенти, партнери, нашиот експертски тим, акционери и базирајќи го своето работење на професионалност и прецизност, се позициониравме како компанија која испорачува квалитетна услуга и постојано ја проширува взаемната лојалност и доверба со своите клиенти изградена низ годините. Во текот на повеќе од четири децении креативно работење, компанијата даде огромен придонес во трансформирање и модернизирање на локалниот пазар во доменот на хотелските и ресторански услуги и темелејќи се на своите визионерски бизнис дејствувања, постојана растечка стратегија, континуирани инвестирања и успешни односи со клиентите, Македонијатурист а.д. стана синоним за просперитетна и професионална компанија достојна да и се верува. Само дел од причините поради кои може да ни се верува се следните: долгогодишно искуство во доменот на туризмот и угостителството сопственик на хотели, како дел од светските ланци Holiday Inn и Best Western што е гаранција за беспрекорен квалитет и услуга искусни, професионални и секогаш ориентирани кон клиентот нудејќи високо квалитетна услуга огромно портфолио на услуги кои можат да бидат понудени имлементација на сите Ваши барања, брзо, квалитетно, точно и навремено

Scroll to top
EnglishMacedonian