|
|
Зошто АД Македонијатурист?
Во својата 45- годишна историја на постoење, АД Македонијатурист изгради репутација на силна, динамична и визионерска компанија која знае како да учи и напредува, да развива и победува во конкурентски и константно променливи услови на пазарот.
Почитувајќи ги најзначајните вредности во работењето како нашите клиенти, партнери, нашиот експертски тим, акционери и базирајќи го своето работење на професионалност и прецизност, се позициониравме како компанија која испорачува квалитетна услуга и постојано ја проширува взаемната лојалност и доверба со своите клиенти изградена низ годините. Во текот на повеќе од четири децении креативно работење, компанијата даде огромен придонес во трансформирање и модернизирање на локалниот пазар во доменот на хотелските и ресторански услуги и темелејќи се на своите визионерски бизнис дејствувања, постојана растечка стратегија, континуирани инвестирања и успешни односи со клиентите, АД Македонијатурист стана синоним за просперитетна и професионална компанија достојна да и се верува. Само дел од причините поради кои може да ни се верува се следните:
|
darko sharko
За нас

