Менаџмент на Македонијатурист а.д.
Собрание на акционери ja одобрува годишната сметка, финансиските извештаи, одлучува со мнозинство на гласови на акционерите и тоа за сите клучни прашања какви што се:
- измена и дополнување на основачкиот акт на Друштвото
- именување и разрешување на членови на Надзорниот Одбор
- Одобрување на стaтусни промени, преобразба на Друштвото
- Престанок или ликвидација на Друштвото
- Зголемување или намалување на основната главнина
- Одобрување на работата на Управниот и Надзорниот Одбор
- Усвојување на годишната сметка и употреба на добивката
Управен одбор управува со работата на Друштвото и го сочинуваат 3 члена именувани од страна на Надзорниот Одбор. Управниот Одбор поднесува извештај до Надзорниот Одбор за работата на Друштвото, нацрт на годишната сметка, годишен извештај како и извештаи за состојбата на друштвото.
Управниот одбор го сочинуваат:
- Доне Таневски - Претседател на Управен Одбор
- Сoња Бибановска - Член на Управен Одбор
- Мирјана Таневска - Член на Управен Одбор
Надзорен одбор составен од 5 членови кои ги именува Собранието на Друштвото и во согласност со важечките закони на Република Македонија и Статутот на друштвото, Надзорниот одбор врши надзор над управувањето со Друштвото, ги разгледува предлог одлуките на Управниот Одбор во поглед на работењето, врши проверка на документите, списите, имотот, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови.
Надзорниот одбор го сочинуваат:
- Проф. д-р Тито Беличанец - Претседател на Надзорен одбор
- М-р Верица Хаџивасилева Марковска -Член на Надзорен одбор
- Проф. д-р Тихомир Јовановски - Член на Надзорен одбор
- Љупчо Поповски - Член на Надзорен одбор
- Марко Јачев - Член на Надзорен одбор