|
|
Сместување | Конференциски сали | Галерија | Контакт |
|
Хотел Водно
|
|
ХОТЕЛ ВОДНО е модерен, комфорен хотел и единствен кој по својата местоположба и амбиент и ќе Ви овозможи уживање во преубавата природа која е опкружување на Скопје, прекрасен поглед на градот и неповторливо чувство на задоволство. Со локација и погодности карактеристични за воздушните бањи и на надморска височина од 700 метри, Хотел Водно е далеку од градскиот метеж , а сепак на само 4.5 км од центарот на градот.
Хотелот располага со:
- 28 комфорни и модерно опремени соби
- хотелски ресторан со капацитет од 250 места
- отворена тераса со прекрасен поглед и капацитет од 300 места
Како секој модерен хотел кој се грижи за своите гости Хотел Водно може да Ви овозможи:
- Разновидни ресторански услуги/специјалитети
- Организација на конференции со комплетна техничка опрема
- Организација на семејни и свадбени веселби
- Организација на коктели и и забави
- Организирање на екскурзии и туристички водичи
- Организирање на трансфери
- Плаќање со кредитни картички
|
|